Месечна Претплата

На платформата ќе најдете огромен број на идеи за оброци кои редовно се надополнуваат со нови. 90% од нив се избалансирани во сооднос на 30% протеини, 30% масти и 40% јаглехидрати.

Персонализирано за тебе

Започни ја твојата трансформација

Одбери план што одговара на твоето ниво и цели, и започни со јасна структура, поддршка и мотивација на секој чекор.

1

Одбери го твојот левел

Почетник

Oсвен пешки до продавница и носење ќеси до дома, не сум имала извесно време друга физичка активност.

Херој

Вежбам повремено и сум активна еднаш-два пати неделно

Легенда

Вежбам редовно минимум 3 пати неделно

2

Одбери ја твојата претплата

Месечна претплата

1 месец

1.199ден

40ден/дневно

3 Месечна претплата

3 месеци

1.079ден месечно

3.237ден вкупно

Годишна претплата

12 месеци

900ден месечно

10.800ден вкупно

Твојата селекција:

Почетник - 3 Месечна претплата - 3.237 денари вкупно

Не сте сигурни кој план е за вас?

Одговори на краток квиз и откриј кое ниво најмногу одговара на твојата кондиција, навики и цели. Ние ќе ти препорачаме план што можеш да го следиш.

Започни го квизот

Рецензии

Инспирација за твојата трансформација

Секоја трансформација започнува со одлука. Погледни како нашите членови ја претворија посветеноста во резултати.

Наташа Шопова

Елена ми помогна да стекнам здрави навики во исхраната, да останам дисциплинирана и детерминирана во остварување на личните цели и резултати. Нејзината мотивација, насоки и посветеност ми помогнаа постепено да ги совладам сите вежби. Поради неа го засакав вежбањето, не како нешто што мора да се прави за да се изгледа добро, туку како нешто што сакам да го правам за да бидам физички и ментално силна.

Ивана Андоновска

Елена и Атанас - јинг и јанг. Здравјето пред се. Несебично споделување на совети за балансирана исхрана. Секогаш спремни за предавања за исхрана кои траеле и по неколку часа, одговарање на пораки кога сме ги прашувале некогаш можеби и глупости ама секогаш сме добиле исцрпен одговор. Позитивни и посветени на мотивирање на луѓето да вежбаат не за изглед туку за ЗДРАВЈЕ! А со здравјето доаѓа и убавиот изглед. Мислам на толку burpees сакал нејќел ќе имаш добро тело.

Ана-Марија Трајковска

Најпрво и за мене најважно, огромните резултати, со нивната исхрана и тренинзи јас ослабев преку 40кг. Од нив научив како да имам здрав начин на живот и да уживам во тоа. Таа позитивна енергија која ја имаат тие двајцата прави да ги засакаш работите што не ги сакаш! Мотивација на дневна основа со добро познатото ,,Се е во главата!” на Атанас во било која ситуација. Фала ви што ве запознав пред 10 години, инаку немаше да бидам ова што сум денес!

Ирена Гроздановска

Елена ме фасцинира со нејзината професионалст и искреност. Едноставно покрај неа го засакав вежбањето односно ги засакав тренинзите и со нејзината енергија и искажување направи да бидам редовна во вежбањето.

Елена Штерјовска

Целосно посветени тренери, разбирање за секој поединечно, за секоја состојба на вежбачот (бременост, повреда, постпородилни ситуации...) Со нив сфатив дека нема оправдувања за невежбање, децата не се изговор, туку мотивација за подобар и поздрав родител за себе и за децата. Дека ако одењето до сала, возење, паркирање, пресоблекување, туширање е многу губење време за со две деца, сето тоа е возможно од дома за дупло пократко време а скоро ист резултат :)

Ирена Арсовска

Ме вратија во живот. Ако бев депресивна и незадоволна од се околу мене, сега сум полна енергија, ослабев и комплетно сменив исхрана. Но што е најбитно сум среќна,
и ги обожавам деновите кога вежбам и сум дел од еден прекрасен тим.

Ирена Лекиќ

Ми помогнаа да се чувствувам позитивно и посреќно, релаксирана сум и имам подобар сон, заштитена е мојата меморија, ми се регулира крвниот притисок. Исто така, ги одржувам коските и мускулите и што повеќе го намалувам нивното оштетување, ми се зголемува нивото на енергија, го забрзувам метаболизмот, стручно и професионално ни се укажува на избалансирана исхрана и зголемување на имунитетот. Покрај се' врвната атмосфера која владее при вежбањето во сала, на отворено или, online.

Николина Стрезовска Димиџијевски

Тренирањето online со Елена не е воопшто лесно, но е многу ефективно. Вежбите ги опфаќаат сите групи на мускули и со тек на време се забележуваат резултати. Покрај вежбањето, Елена несебично ги постира нејзините секојдневни рецепти и ни помага/дава идие како да комбинираме оброци.

Стефан Поповски

Прекрасно искуство, позитива на денот. Кога и да не ти е денот како што треба, вежбаш со Атанас и Елена и се чуствуваш како нов човек. Посветени, страсни кон работата и многу љубов во сето тоа што го прават.

Иван Џашиков

Елена и Атанас ми помогнаа во целосна промена на животниот стил и одново изучување на здрави животни навики. Нивната целосна посветеност спрема вежбачите и желба да променат што повеќе животи на позитивно, се огромна инспирација! Флексибилноста што ја поседуваат и можноста за адаптација и во тешки времиња (Онлајн часови за време на Ковид Пандемијата) ги издвојуваат од конкуренцијата! Огромна благодарност за сѐ!

Христијан Пејковски

Елена и Атанас првично ми помогнаа да го сместам вежбањето во моето секојдневие и истото да претставува еден вид на издувен вентил (физички и психички) и секако квалитетно време одвоено за себе. Да направам дистинкција помеѓу тоа што е здрава, а што нездрава храна и како истата да се дозира. Дека активниот здрав животен стил претставува вложување во себе и својата иднина.Исто така дека добриот надворешен и внатрешен изглед не го поседуваме туку дека истиот се должи на секојдневното плаќање рента.

Марко Филиповски

Сметам дека се професионалци во тоа што го прават.
Се трудат да ги пратат сите до еден и воедно и да ги корегираат/советуваат за техниката.
Тренинзите се разновидни со различен фокус во различни периоди, а понекогаш има и активности што се случуваат надвор од тековното вежбање.

1 / 12