На платформата ќе најдете огромен број на идеи за оброци кои редовно се надополнуваат со нови. 90% од нив се избалансирани во сооднос на 30% протеини, 30% масти и 40% јаглехидрати.
Персонализирано за тебе
Класична балансирана исхрана која е безбедна, која задоволува микро и макронутритивност, ве држи сити и ви дозволува да имате голем избор на намирници во исхраната, не ве ограничува премногу, а полека но сигурно ги постигнувате саканите цели. Безбедна за секоја генерација и исхрана со која треба да го промените односот со храната на долг рок, а не да имате брзи резултати кои скоро секогаш имаат јојо ефект и се причина за нарушување на целокупното здравје.
Не може сите да јадеме иста количина на храна, ниту пак јадеме сите во ист период од денот. Сите сме со различни потреби во зависност од возраст, пол, стил на живот, вид на работа, физичка активност и многу други фактори. Може да користиме сите исти идеи за оброци но не може да јадеме исто.
Подолу можете да видите пример оброци и во која форма може да ги најдете на платформата доколку се претплатите.